КАКО ДА ЈА ИСЧИСТИТЕ ГАРНИТУРАТА

Тапацираниот мебел во вашиот дом бара соодветна нега како и секој друг елемент и парче мебел. За поголема долготрајност а пред се за хигиена на вас и вашите најблиски потребно е редовно одржување и чистење на гарнитурата, креветот кој секојдневно се користи како главно собиралиште на најблиските. Дневната соба и гарнитурата пред телевизор се нашите омилени места каде што го поминуваме поголемиот дел од денот, па како такви треба да  обрнеме посебно внимание  кога станува збор за хигиената.

Отсранете ги сите непосакувани флеки, бактерии,прав и нечистотија:

  1. Употребете правосмукалка

Редовно користетеја правосмукалката и собирајте ја прашината. Потрудете се да пристапите до потешко достапните места како што се помеѓу раконаслоните и седиштето, позади на грбот, помеѓу перниците и др. Доколку можете првин отстранете ги сите перници, од грбот како и седењето, па потоа употребете ја правосмукалката. Ако гарнитурата е од микрофибер, густината на влакната на штофот го прават да биде поотпорен на флеки и нечистотија, па пред употреба на правосмукалката доволно е само да поминете со чиста четка.

  1. Направете средство за чистење

Направете сами дома средство  за чистење на база на вода со течност за миење садови. Во шише со пумпа за распскување наполнете вода, додадете неколку капки течен детергент за садови, не во прав. Додадете капаче бел оцет и малку сода бикарбона. Протресете добро.

3.Тестирајте го средство

Тестирајте ја мешавината со детергент на незабележително место. Испрскајте од мешавината на задниот дел или долу, место каде што не се гледа, потоа поминете со сунѓер и на крај со сува крпа. Почекајте добро да се исуши местото. Доколку останат траги од употребата на мешавината или материјалот избледе, не продолжувајте со употреба на мешавината.

4.Употреба на средство

Доколку проверивте и се уверивте дека мешавината не му штети на штофот, тогаш може да преминеме на употреба на истата. Испрскајте ги сите флеки и почекајте неколку минути за детергентот навлезе длабински и кај најтврдо корните наслаги. Употребете сунѓер за да го отстраните  средството од гарнитурата и на крај користете чиста, сува, памучна крпа за да се исуши побрзо местото  врз кое е делувано.

  1. Реагирање во моментот

За да се избегнат долготрајни и макотрпни сеанси за чистење на гарнитурата, во иднина кога ќе забележите некоја флека реагирајте веднаш. Веднаш отсртанета флека не дозволуваме мебелот да абсорбира повеќе течност и нечистотија. Доколку реагираме веднаш нема да дозволиме флеките да ја сменат бојата на штофот и нема потреба од премногу триење со средства. Доколку ви се истури течност врз гарнитурата, не правете премногу енергични движења, бидејќи на тој начин се апсорбира повеќе во внатрешноста на мебелот, само поминете нежно со сува крпа и доколку има потреба дополнително употребете средство.

Секогаш одржувајте го домот и неговата хигиена, бидејќи се работи за нашето и здравјето на најблиските.

агол лина

тросед лука