4 ПАРЧИЊА НА МЕБЕЛ ШТО НЕ ТРЕБА ДА ГИ КУПУВАТЕ НА СТАРО

 

 

Верувајте дека и ние сме среќни кога ќе најдеме некое прекрасно парче мебел кое е безвремеско старомодно (vintage) или античко, но има некои видови мебел што не треба да ги купувате ако се користени. Ние ве советуваме овие 4 парчиња на мебел да не ги купувате користени и како да најдете соодветна замена.

 

     1. Душек

Можеби ова ви е очигледно, но сепак изборот е Ваш. Креветите кои се антик, рачна изработка, навистина изгледаат исклучително но може да се направени за нестандардна димензија за душек, па поради тоа ве наведуваат да го земете и користениот душек. Можеби ќе ве стават во искушение да најдете дишек кој ќе одговара на таа униукатна рамка, кревет. Инаку во спалната соба највалканото нешто е душекот, па поради тоа никогаш не може да знаеме колку навистина е валкан користениот душек.

Алтернативна опција:

Нарачајте душек за да одговара на рамката за кревет. Многу компании нудат прилагодени креации на душеци каде што можете да ги изберете вашите најпосакувани материјали, цврстина, форма и димензии. Но за жал оваа опција некогаш може да биде и поскапа.

Одберете нов кревет кој има дизајн сличен на “винтич“ или “антик“, со копчиња на узглавјето или класичен изглед. Нов кревет кој ќе биде со димензии за вашиот стандарден душек.

Ние ви нудиме лежаи, кревети со различен дизајн и можност за промена на димензиите според вашите потреби како и промена на бојата и материјалот.

 

 

2. Тапациран мебел

 

Секаков вид на тапациран мебел, тросед, гарнитура, софа, фотеља кои се користени треба да се избегнуваат да се купуваат на старо. Повеќето од овие артикли имаат перничиња или површина за седење која е со мека подлога и се прекриени со штоф. Меките површини, можат својот оригинален изглед да го задржат одреден период, после тоа губат од својата форма и цврстина. Исто така, ткаенината ќе го изгуби својот беспрекорен изглед со текот на годините, па многу пати може да забележиме излитени, искинати и валкани делови каде што најмногу се користат како што се делот кај главата, потпирачите за раце и грб па дури и седиштата.

Алтернативна опција:

Доколку не можете да се одвоите од вашиот антички модел, не се обидувајте да го реставрирате сами, ангажирајте професионалци. Реставрирањето во зависност од обемот на работата но може да ја достигне и цената на нова софа, затоа како опција секогаш размислувајте за купување на нов модел со дизајн кој е најблиску до вашиот “винтич“ тросед.

3. Дрвен мебел што покажува пукнатини

 

Ако купувате антик мебел од дрво, било каква пукнатина или губење на бојата, треба да преставува црвено знаме за Вас при купувањето. Испуканото дрво може да биде знак на структурни проблеми, може да се расклати уште при транспорт а да не зборуваме кога ќе го поставите елементот дома и ќе додадете тежина на него од украси и книги. “Расцветаното“ дрво е знак дека елементот бил изложен на влага и вода или лоши временски услови во минатото, тоа може да го загрози интегритетот на мебелот.

Алтернативна опција:

Повторно, ако апсолутно не можете да живеете без античко дрво, препорачуваме да пронајдете професионалец кој може да го провери за безбедноста пред да го користите во вашиот дом. Може да пронајдете и ново парче кое е исто толку убаво како дрвениот антички мебел што сте го гледале. Комбинирајте различни материјали што не се дрво а сепак може да изгледаат привлечно и за најпредирливите.

 

4.Мебел што мириса

 

Ако парчето мебел има чуден мирис, сугурно е од дом во кој се пуши или имаа домашни миленици, веројатно треба да се ослободите од него. Овие мириси обично не се само на нивото на површината – тие имаат тенденција да продираат длабоко во перничињата и подлогата и може да биде скоро невозможно целосно да се отстранат.

Алтернативна опција:

Честопати можете да најдете слично но ново парче кое потсетува на винтиџ, што може да ви се гарантира дека е чисто и без чудни мириси.

 

Можете да започнете со избирање на еден од стиловите и да изберете сопствени опции за димензиите и боите, или да можете да споделите своја уникатна визија со нашиот тим за да можеме да направиме потполно нов дизајн само за вас.

агол лина

тросед лука

Фотеља Арт