КАКО ДА УПОТРЕБИТЕ СВЕТЛИ БОИ ВО ВАШИОТ АМБИЕНТ

Home Divano

Светлите бои можат да бидат застрашувачки при уредување на домот. Изборот на совршени бои за додатоците и мебелот кои ќе се спротистават на неутралните бои при уредувањето може да биде главоболка за многумина, па поради тоа се одлучуваме на неутрални нијанси при уредување на домот како што се крем, кафена, црна, бела, сива. Затоа ви препорачуваме авантуристички и храбро уредување на домот со можеби портокалова боја, морска сина на пернички или пак жолта на ѕидовите.

Веселите бои не мора да бидат застрашувачки или детски, со правилно планирање и разгледување може да создадете амбиент кој ќе влијае на вашето расположение и нема да ви здосади или исплаши во скоро време.

Како да се игра со боите?

Доколку ви е прво уредување со светли бои, имајте во предвид неколку совети кои ќе ви го олеснат процесот:

*Прво изберете неутрална боја со која ќе ја комбинирате вашата светла боја. Кога ќе го направите ова ја имате контролата над светлата боја и да не го презаситите амбиентот со светли бои.

*Секогаш тестирај ја светлата нијанси пред да направите избор, без разлика дали е тоа боја или ткаенина важно е да го донесете парчето дома и да испробате за да видите точно како ќе изгледа.

*балансирајте топли и ладни бои

*Магендата (виолетово-црвена) и розевата се тешки бои за работа и секогаш неутрализирајте ги, ставете ги во заден план со повеќе неутрални нијанси.

Имајќи ги во предвид советите, може да одиме на следно ниво.

Светли украси и додатоци во неутрален простор.

Ако преферирате неутрални бои и мебел, можете да вметнете светли додатоци за да го оживеете вашиот простор. Сиви или крем/беж ѕидови и мебел се одлична позадина за шарени завеси, килими, перници или уметнички дела. Координирајте ги боите на додатоците така што вашиот простор ќе има тема. Ако вашиот килим има нијанси на сина и виолетова, изберете виолетови пернички, сини уметнички дела или парчиња виолетови украси за да ги поврзете сите заедно. Со неутрална позадина овие светли додатоци лесно може да ги разместувате наоколу и да му дадете живот на вашиот простор.

Бело со боја.

Наместо да изберете неутрална боја од палетата, белиот декор со мали додатоци и навестување на боја може да има многу влијание и да функционира одлично ако барате нешто повеќе пригушено. Спалната соба може да има бели ѕидови и мебел со светли акцентни перници. Бањата може да има светли додатоци или рамка од огледалото. Користењето на белата боја како основа за разлика од неутралните нијанси, ви создава поголема слобода при изборот на светли бои и помага при создавањето на светли нијанси. Обидете се да комбинирате различни текстури на бела за да ја за избегнете монотонијата во просторијата.

Изберете фокусна точка.

Кога играте со светли бои, честопати може да изберете фокусна точка и да го задржите вниманието во просторијат токму на тој дел. Светла гарнитура, тросед или фотеља е одличен пример за привлекување на вниманието и задржување на погледот во комбинација со додатоци во слична боја кои може убаво да се поврзат во просторијата и да создадат една целина.

Обидете се со виолетова аголна гарнитура или син тросед. Мебел во светла боја во собата е одлична изведба и му дава на окото фокусна точка.

Неочекувани места.

Ако сакате да бидете креативни со употребата на светли бои во вашиот дизајн, обидете се да ставите боја на некои неочекувани места. Бела полица за книги со светла сина позадина или полици кои ќе ги обоите создаваат весел амбиент. Простор за складирање, што открива светла розева или црвена боја кога ќе се отвори  е убаво изненадување во едноставен дизајн. Неутралната кујна со шарени барски столчиња е одличен начин за додавање на неочекуван поздрав.

Подготвени  сте за да започнете?

Ако сте подготвени новата година да ја започнете со Бело со бојаили Фокусна точка или некој од другите совети , Салон за мебел Дивано може да ви помогне. Ви нудиме аголни гарнитури, троседи, фотељи, лежаи како и додатоци, табуретки или релакс вреќи за седење, мебел што лесно може да биде фокусна точка на светла боја во неутрална просторија. Ви нудиме парчиња мебел што може да се изработа во светли бои како портокалова, црвена, жолта и многу повеќе бои и нијанси од истите. Повелете во салонот каде што може да изберете модел и боја по ваш избор.

Експериментирајте со боите создадете весел и жив амбиент во вашето внатрешно уредување.

агол лина

тросед лука